Компирите се една од основните намирници, кои можат да бидат вкусни без разлика како ги подготвувате. Главно се користат за подготовка на различни гурмански јадења, но овој рецепт е дел од феноменален десерт.

Ако сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време за подготовка, вашиот избор нека биде колач со сладок компир со чоколадо. Лесно се подготвува, бидејќи не е потребно мешање и печење на кората, варење на филот и стоење покрај шпорет со часови додека не се подготват сите состојки.

Состојки:

1 кг компири

250 гр мелени бисквити

250 гр мелени ореви

250 гр шеќер во прав

50 гр какао во прав

200 гр чоколадо

250 мл слатка павлака

2 лажици рум

Подготовка: Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и варете. Кога е готово, процедете, испасирајте и оставете да се излади. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, додајте ги мелените бисквити, какаото во прав, пирето од компири и мелените ореви и сè убаво измешајте. Во тавче растопете 100 грама чоколадо, па во смесата додајте топло чоколадо, истурете рум и уште еднаш сè убаво измешајте.

Смесата за колачот префрлете ја во калап и оставете ја во фрижидер. Кога ќе се излади и стегне, подгответе ја глазурата. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, додадете 100 грама растопено чоколадо, сето убаво измешајте и прелијте го колачот.

Оставете уште еден час во фрижидер, а потоа колачот е готов за послужување!