Пилешко со компири какво што никогаш не сте јаделе: Овие се 2та тајни зачини
Vestiplus.mk
+Кујна

Пилешко со компири какво што никогаш не сте јаделе: Овие се 2та тајни зачини

Предлог за вкусна вечера со комбинација од пилешко и компири. Зачините за преливот се посебна приказна и му даваат на јадењето неодолив вкус.

Рецепт за пилешко со компири

Состојки:

3 парчиња пилешки гради

1 кромид

4 компири

сол, бибер, миризлива пиперка

маслиново масло

200 мл павлака за готвење

2 јајца

120 грама кашкавал

1 лажичка провансалски зачин, 1 лажичка кари

1 домат

Подготовка:

Во тава истурете маслиново масло, потоа додадете сецкан кромид, а потоа компирите исечени на прстени. Додадете сол и бибер.

Исечкајте го пилешкото месо на коцки и додадете сол, бибер и малку миризлива пиперка. Мешајте го месото со раце, за добро да ги впие зачините, а потоа ставете го преку компирот.

Во посебен сад, ставете 2 јајца, павлака за готвење, малку сол, провансалски зачин и кари и изматете со вилушка, а потоа прелијте во јадењето.

Покријте се со алуминиумска фолија. Ставете да се пече во рерна 40 минути, на 200 степени.

Додадете ги ренданиот кашкавал и доматот исечкан на прстени, а потоа вратете ги во рерна уште 10 минути (180 степени).

Можеби ќе ве интересира...

240 санкции за брзо возење

Vesti +

Шкријељ: СДСМ обезбедува инклузивно образование – вработени се 725 образовни асистенти

Vesti +

Видео: Генијален трик од 10 секунди да го разладите автомобилот паркиран на сонце

Vesti +

ССМ ја откажа поддршката за штрајкот на СОНК, Неделков се однесува како на квиз

В+

Се во нивна корист: Ова се најсебичните знаци на хороскопот

Vesti +

ИНТЕРВЈУ – Љупчо Николовски: Субвенции за вистински земјоделци, исплата навремена, отворен повик за грант од 10 000 евра во текот на цела година

Vesti +