Нацрт-плановите за развој на железницата до 2040 година предвидуваат Битола да добие значително побрза врска со Скопје, како и железнички пристап кон аеродромите во Скопје и Охрид.

Меѓу разгледуваните решенија е побрза траса кон Скопје преку Градско, со интервенции во делот кон Плетвар, како и реконструкција и електрификација на пругата Прилеп–Битола. Долгорочната цел е големите регионални центри да бидат на приближно час и половина железничко патување од главниот град.