езависната кандидатка Данела Арсовска докажа дека е дел од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи по смената на директорите во јавните претпријате со членови на оваа партија, на ред се и управните одбори.

Не застана кај директорите па почна да ги полни и управните одбори со докажани кадри уште од времето на Никола Груевски, па така довчерашниот портпарол Наум Стоилкоски за макотрпната работа и снимање селфи видеа по улици, ќе биде назначен како нов член на Управниот одбор на ЈСП. Поранешната советничка во Град Скопје, Јелена Жугиќ станува претседател на УО на МКЦ, а Димче Арсовски кој секојдневно на прес конференции зборува за партизирани институции и критики преку ноќ ќе биде избран за нов член на УО на јавното претпријатие за Водовод и Канализација, а за член на УО во иатото претпријатие е планирана Марија Митева третиот портпарол на ВМРОДПМНЕ.

Арсовска на 8 ноември ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје и речиси цел месец се криеше од јавноста, а потоа во стилот на ВМРО-ДПМНЕ наместо транспарентност пред граѓаните организира затворени брифинзи за новинарите и се обраќа само преку пораки на Фејсбук.

Но јавноста не е слепа иако вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и промени во линискиот ред на градскиот сообраќај, таа рече дека ова е неизводливо и ќе се стартува за две години, дури го откажува проектот и за БРТ.

Времето тече а таа ги излажа и лицата со попреченост ветувајќи им дека во првите 82 ќе бидат обезбедени пристапни рампи во сите градски институции.

Наместо ветинг како што најави за директорите во институциите, таа ги наполни со кадри од ВМРО-ДПМНЕ иако постојано за време на предизборната кампања повторуваше дека е независен кандидат.

За сето ова молчат од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ кои имаат две советнички места во советот. Ова ли се промените за кои Ана Петровска поднесе оставка и се кандидираше за градоначалник?