„Според оние информации со кои располагам, оганот се појавил одеднаш и се проширил со голема брзина. Апсолутно жалам за случајот, во болницата имало луѓе кои биле на лекување. Немаме информации за жртви, чекаме официјално од болницата“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Според инфорамциите кои таа ги сподели со медиумите пожарот почнал да се шири многу брзо.

Неофицијално пожарот бил пријавен во 21 часот. Медиуми јавуваат дека болницата е во целост изгорена, а пожарот ќе го гаснат и екипи на скопската противпожарна служба.

На лице место се и министерот за здравство Венко Филипче, кој апелираше на смиреност.