Најновото истражување на аналитичката компанија Counterpoint покажува дека Apple моментално е водечки производител на премиум/флагшип телефони во светот.

Според истражувањето, Apple дури и ги надмина кинеските брендови во Кина, а компанијата е најсилниот бренд на телефони во светот, вклучувајќи го и растечкиот индиски пазар.

Зад Apple, Samsung е на второто место на повеќето пазари, вклучувајќи ги САД, Европа и Латинска Америка. OnePlus е вториот производител на премиум телефони на индискиот пазар. Истата компанија е четврта во Северна Америка и петта во Европа.

Премиум телефоните се сметаат за модели со цена над 400 долари. „Епл“ моментално држи 60 отсто од пазарот за 2021 година, што е за 5 отсто повеќе од претходната година.

Покрај Apple, својот удел на пазарот барем го задржаа и другите производители, освен Huawei, кој забележа голем пад.

Комплетниот пазар на премиум телефони оствари зголемување на учеството, со годишен раст од 24 проценти. Од 100 продадени телефони во текот на 2021 година, 27 беа премиум модели, со цена над 400 долари.