Арестович за каналот „Фегин лајв“ истакна дека Украина ќе возврати, како коментар на предупредувањето од руското Министерство за одбрана дека ќе бидат нападнати центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев.

Олексеј Арестович, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, се закани со возвратен напад врз Москва во случај на руски напад врз Киев.

Арестович за каналот „Фегин лајв“ истакна дека Украина ќе возврати, како коментар на предупредувањето од руското Министерство за одбрана дека ќе бидат нападнати центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев.

Според него, Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи се може да се очекува од Кремљ.

– Дозволете ми веднаш да кажам дека имаме големи можности да удриме врз Русија. А тоа што се уште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, ајде да ескалираме – рече Арестовиќ.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите за напади на украинските сили врз руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучувајќи го и Киев.