На 17.11.2026 во 15:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 32-годишен жител на Струмица.
Според пријавеното, тој околу 02:00 часот во домот на неговата поранешна сопруга агресивно се однесувал кон неа.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.