На 17.11.2026 во 12:30 часот во населбата Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од машко лице, во кое имало двајца сопатници, но возачот не го запрел возилото и продолжил со движење.

Притоа, еден од сопатниците фрлил марихуана од прозорецот, по што возачот сопрел и лицата се дале во бегство.

По кратко време биле пронајдени сопатниците во возилото, 15-годишен малолетник и 18-годишен жител на Велес.

18-годишникот бил лишен од слобода, а со малолетникот во присуство на родител бил извршен службен разговор.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.