Закани за поставени бомби утрово пристигнаа на неколку локации во Скопје меѓу кои и во Вилата Водно на претседателот Стево Пендаровски. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи дојави за поставена експлозивна направа се стигнати до Музеј на Град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на македонската борба, Спомен куќа на Мајка Тереза, Градски трговски центар, ТЦ „Ист гејт“, ТЦ „Бисер“, во зградите Флатајрон, Џевахир, во Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и Фудбалксата федерација на Македонија. Добиени се пријави и за упатени закани за бомби во 11 училишта во Скопје.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.