Македонската полиција денеска информираше за еден необичен настан кој се случил во Делчево.

Имено 18 годишно момче користејќи ги податоците од кредитната картичка на неговиот дедо изминатиот период направил стотици плаќања.

Внукот го олеснил својот дедо за ни повеќе ни помалку туку 468 илјади денари во 468 наврати.

Според податоците се работи за К.М. од Делчево, кој заработи кривична пријава од СВР Штип, по дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

ВО соопштението на МВР се вели дека пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања.

На тој начин, го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари, пишува во полицискиот извештај.