Меѓународниот републикански институт, ИРИ, денеска објави истражување кое е направено во ноемри минатата година.

Во рамки на ова истражување се опфатени и рејтинзите на политичките партии во земјава.

Но, прашањето е зошто ИРИ објавува истражување, анкета стара 5 месеци?

Особено ако се има предвид фактот дека многу работи се променети на нашата политичка сцема, СДСМ има нов претседател и премиер, имаме нова Влада, која се уште нема ниту 100 дена од нејзниот мандат.

Едноставно не одговара на моменталната ситуација, односно објавување на резултатите во март 2022 година, ги прави надвор од актуелниот политички контекст.

На овој начин, постои можност да се создаде нереална перцепција кај граѓаните не само за работењето на новата Влада туку и за реалниот политички рејтинг на политичките партии.