„Денес Крушево е поинакво и поубаво за сите нас. Станавме туристички посакувана дестинација, но тоа што го затекнавме пред 4 години беше многу лоша слика. Во 2017 година почнавме од нула, односно со 420 илјади евра долг и уште три кредити наталожени. Тоа значеше дека секој ден имавме извршители во општината и бевме пред блокирање на сметката“ рече градоначалникот на Крушево, Томе Христовски на трибината „Најдоборот за нашата општина“ во овој град.

Тој кажа дека со преземањето на локалната власт, започнале со кратење на неразумните трошоци и насочување на фокусот на барањата на грааѓните.

„Затоа денес гордо стојам пред вас и можам да кажам дека направивме капитални проекти кои претходно беа само поим. Реконструиравме улици, водоводи, канализациони мрежи, резерваи за вода, патишта и имаме полетиште за параглајдеризам кое е трето во светот“ кажа Христовски.

Тој додаде дека локалната власт предводена од СДСМ градела еднакво во сите делови од општината, за разлика од неговите претходници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Започнавме проект за дозафаќање на вода за пиење во градот. Во 2021 година правиме муабет за вода за пиење, проблем кој се таложеше со децении, а моите претходници не можеа и не сакаа да го решат“ рече Христовски.

Тој најави дека е убеден дека ќе добие втор мандат и дека ќе продолжи со истото високо ниво на транспарентност и општина Крушево да продолжи да биде пример во реализацијата на проектите.