На 28.11.2026 во 13:50 часот на Градскиот стадион во Гостивар, за време на одигрување на фудбалски натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК „Арсими“ од с.Чегране и ФК „Вардар“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 25-годишен жител на с.Чегране, гостиварско.

Тој претходно фрлил предмет кон теренот, се качил на заштитната ограда, поттикнувал напад врз судиите и се обидел да влезе на теренот, но бил спречен од полициските службеници. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.