Mицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите, и вели дека тоа е нормално, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција.

Филипче посочи дека со години, преку антиевропоска пропаганда се работи на политичка промоција на Мицкоски.

Тој нагласи дека  вчерашното признание на премиерот во интервју за телевизија Телма дека е нормално да се нарачуваат медиумски текстови, само потврдува како се нарачуваат медиумски содржини.

„Тој скандал е само потврда  на тоа, што ние го зборуваме тука многу долг период наназад, а тоа влијанието на медиумската пропаганда, медиумскиот октопод, 40% од медиумите на Орбан, противзаконски регистрираните Вучиќеви медиуми тука кај нас. Медиуми кои шират антиевропска пропаганда и медиуми кои изминатите многу години наназад работат на создавање перцепција кај граѓаните дека Христијан Мицкоски е еден голем патраиот а сето тоа е една голема лага, и дека има интенција и дека работи во интерес на граѓаните и на државата, што е исто така една голема лага, затоа што тоа не е вистина. Напротив, и вчера Христијан Мицкоски призна дека нарачува текстови и вели на новинарката на телевизија Телма, па нормално е да се нарачуваат текстови“, рече Филипче.

Филипче потсети на вчерашната изјава на Мицкоски во интервјуто во која тој отворено зборува дека не е спорно да се нарачуваат медиумиски текстови. Претседателот на СДСМ праша дали тоа е моделот на владеење на Мицкоски – преку нарачани текстови, медиумски линчови и пропаганда да се оцрнуваат политичките противници.

„Тоа ли го прави Христијан Мицкоски? Секојдневно, нарачува лажни текстови, медиумски линчови, пропаганди, оцрнување и така натаму.Еве го признава. Па уште што било проблем..“, рече Филипче.

Тој нагласи дека ова признание не е само домашно политичко прашање, туку и сериозен проблем за демократијата, слободата на медиумите и слободата на говорот. Филипче посочи дека и европските извештаи укажуваат на недостиг од напредок во медиумската сфера, што дополнително ја потврдува загриженоста за состојбата во државата.

„А тоа го гледаат и граѓаните, го гледа и Европа. Влезено е во извештаите дека нема напредок во сферата на медиумите. И тоа е еден од најсериозните проблеми. Загрозувањето на демократијата и слободата на медиумите и слободата на говорот е еден огромен проблем“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека ваквиот начин на функционирање создава медиумска средина во која се нарачуваат содржини за политички потреби, а јавноста се изложува на организирани пропагандни кампањи. Тој порача дека времето на ваквите црни кампањи ќе заврши и дека оние кои учествуваат во нив ќе мора да се соочат со одговорност.

„Ете таков човек ја води државата. Тој треба да знае дека Фајненшл Тајмс не му  Алфа телевизија, и неговите протагонисти во медиумите Латаси, Геровци па да напишат сè што тој ќе им нарача, затоа што ќе им дојде крајот на тие работи, на тие црни пропаганди, ќе дојде време кога ќе се извинуваат, исто како што сега тоа го прави пропагандата на Вучиќ во Србија“, рече Филипче.

 

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=JbR45-OvZhw&t=617s