СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице на возраст од 75 години од с.Милетино, општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз лице на возраст од 66 години од с. Милетино. На 02.10.2026, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет го нападнал лицето на возраст од 66 години од истото село и му нанел повреди.