Изјава на премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на детската градинка Лавче во ИНџиково:

„Добар ден и од мене.

Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти.

Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот.

Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради.

Ви благодарам.“

фото Влада