Центарот за социјална работа во Скопје ја известил полицијата за случај во СОС „Детско село“, каде малолетничка наводно била физички нападната од вработено лице-згрижувач.

Според пријавата, не станувало збор за прв ваков инцидент со истата згрижувачка.

МВР засега го третира настанот како пријава што треба целосно да се провери. Полицијата соопштува дека презема мерки за утврдување на фактите, по што ќе се одлучува за евентуална понатамошна постапка.