Денеска, во Собранието се одржа работна средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија.
Средбата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, решението на спорот со Грција, евроинтегративниот процес на државата и Западен Балкан, членството во НАТО, предизвиците со кои се соочува опозицијата, меѓуетничките односи, како и прашања поврзани со младите и студентските политики.
Посебен акцент беше ставен на усогласувањето на националното законодавство со европската легислатива, како и на мерките и политиките за борба против корупцијата.
На крајот од средбата, студентите и професорите изразија благодарност за можноста за отворен разговор, како и за одвоеното време и подготвеноста да се одговори на нивните прашања и интереси.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...