Денеска со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи меѓународната конференција „Скопска иницијатива“ во организација на СДСМ и „2026 Корчуланска висока политичка школа“.
„Скопската иницијатива“ ја покрена претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички застануваат во борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и за европска интеграција на регионот.
Заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан.
Работната тема на конференцијата е „Мобилизација за иднината на прогресивните сили на Западен Балкан“. На високо ниво ќе присуствуваат регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии, како и претставници на социјалдемократски и прогресивни фондации од регионот, од Партијата на европските социјалисти (PES), Групата на социјалисти и демократи (S&D Group), Социјалистичката интернационала (SI), Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS), сестринските партии од Европската Унија, како и членови на Управниот одбор и Советодавниот совет на Родовата мрежа на Централна и Источна Европа и други партнери на Корчуланската школа.
Настанот започнува во 10:00 часот во салата К3, со воведни обраќања, меѓу кои и на претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче и Даша Шашиќ Шиловиќ од Корчуланската висока политичка школа.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...