На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала В.К.(45) од Будимпешта и патнички автомобил „фиат“ со српски национални ознаки, што го управувала М.Г.(32) од Ниш.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило кој, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...