Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО продолжуваат со својата политика на постојани лаги и манипулации.

Мицкоски лаже буквално за сè:

Лажеше дека ќе го врати името и дека ќе го укине Преспанскиот договор – сега самиот го нарекува ремек-дело на дипломатијата.

Лажеше за НАТО – сега Тимчо Муцунски вели дека е „феноменална работа“.

Лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени – сега Гордана Сиљановска призна дека се апсолвирани и заштитени.

Лажеше дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови.

Лажеше дека ќе обезбеди поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард – странските инвестициите паднаа за 60% а граѓаните живеат полошо.

Лажеше дека како советник на Никола Груевски работел про-боно.

Излажа и кога вети дека ќе се повлече од политиката ако се потврди поврзаност на агенцијата за обезбедување во Кочани со ВМРО.

Лажеше и за Никола Груевски – знаел дека има унгарско државјанство, а СДСМ за тоа говореше пред два месеца.

Цел месец ги лажел граѓаните и свесно не ги испраќал документите за екстрадиција во Унгарија.

Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги.

Граѓаните повеќе не веруваат на неговите лаги.

Доста е со лагите!

Распишете референдум!

Граѓаните сами нека одлучат за својата иднина.

Реформи сега.

Европа сега.