– Навистина како Влада се подготвуваме за сериозно одбележување, достоинствено одбележување на 35 независност на Република Македонија. По онаа најава за 8 септември, еве денеска можеме да најавиме навистина уште една интернационална музичка ѕвезда, но уште поважно навистина македонски аллстар којшто е денеска присутен и којшто заедно со Хозе Карерас ќе имаат исклучително одличен концерт, најави Марија Митева, портпарол на Владата на Македонија попладнево на прес конференција.
– Ценам дека ваквиот начин на одбележување на независноста на Македонија како Влада покажуваме дека навистина ни е важно, дека навистина сакаме граѓаните да уживаат и достоинствено заедно со музичките великани да покажеме дека Македонија има капацитет и да организира настани за меѓународни ѕвезди, заедно со нашите, јас би кажала најголеми ѕвезди. Мислам дека сите детали околу оваа организација веќе достојно беа презентирани и од организаторот, но и од учесниците, рече Митева.
фото Влада
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...