На 24.05.2026 во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали.

По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари.

Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш.