Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема конкретни очекувања околу евентуално враќање на Никола Груевски во Македонија, но нагласи дека постапката е јасна доколку тоа се случи.
-Јас немам очекувања никакви, но ако Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и откако ќе се појави, нормално органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување на зтворска казна којашто е согласно правосилна одлука, рече премиерот Христијан Мицкоски.
– Ние сме Влада за која сите закони важат и Влада која мора да ги почитува законите и институциите, а секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува жалби. Но ние како Влада имаме правосилна пресуда, за која, за лицето за кое говорите е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати јас немам такви очекувања, додаде Мицкоски.
фото Влада
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
