– И за Градот Скопје, но и за државата ова претставува значајно инвестициско дело, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан.

– Слушнавте од воведните излагања на говорниците, станува збор за инвестиција од отприлика 22 милиони евра, нешто со коешто ќе се подобри стабилноста на системот, на мрежата, 110 киловолтно напонско ниво, надежноста се разбира, и ќе отвори перспектива за следните отприлика 20-тина години да одговори на сите предизвици од енергетски аспект, приклучни места итн. кои што ќе бидат потребни за развој на Градот Скопје.

Јас би сакал да се заблагодарам на колегите од Владата, на Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, на ЕВН, како компанија којашто инвестира во Македонија. Да се заблагодарам на сите оние коишто беа дел од овој проект и да посакаме уште многу инвестиции во енергетиката коишто ќе бидат додадена вредност и коишто ќе овозможат поголема стабилност на системот, поголем капацитет за прифаќање на нови производни капацитети, имајќи предвид потребите коишто во годините коишто ќе следат ќе бидат сè поголеми и поголеми, а ние како земја сакаме да бидеме енергетски хаб во регионот.

Така што, еве уште еднаш и од мое име и од името на Владата, сакам да го истакнам и потенцирам значењето на оваа инвестиција, соопшти Мицкоски.