Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 4 часот и 32 минути во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 200 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.