Претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Поради продор на постуден воздух од север кон крајот на денот и во текот на ноќта во северните и западните делови ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени.

Минималните ќе достигнат до -11 степени.