– Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за еве успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она коешто за мене е многу важно, е што, се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите возила на полицијата.

– Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и би рекол расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес.

Така што, уште еднаш еве да им честитам, да им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние коишто го водат Министерството, на сите оние единици коишто учествуваат во овој проект и да посакаме, вака условно кажано, што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци.

Така што, уште еднаш, нека е со среќа!, рече Мицкоски.