Нападите врз Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, се обид за дефокус, да се одвлече вниманието на јавноста од суштинските теми, како што се тајниот договор за „мигранти за пари“, милионските тендери доделени по поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и откривањето на корупциски и криминални шеми.

„Темата „мигранти за пари“ очигледно многу ги боли. Измислуваат кривични пријави, па дури и се закануваат со апсења по изгласувањето на Резолуцијата. Бидејќи на сите во Македонија им е јасно дека постои таен договор, една непристојна понуда за мигранти што ветува пари, за да можат да продолжат со милионските тендери доделени по поврзаност со власта“, рече Фрчкоски.

Тој појасни дека власта одеднаш почнува да излегува со напади само за да ги прикријат главните теми.

„Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми: „Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција“, додае Фрчкоски.

Фрчкоски ја нагласи временската поврзаност на нападите со вистинските проблеми.

„Токму после денот кога јас држев прес-конференција поврзана со трагедијата во Кочани. Дали сега гледате зошто го направија тоа? За да ја дефокусираат јавноста од трагедијата за која имаат одговорност.. АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ! Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата.“, порача Фрчкоски.