На 20.12.2025 во 15:12 часот во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода маж(49) од Гевгелија. Тој околу 15:00 часот отишол во просториите на Полициската станица Гевгелија каде агресивно се однесувал кон полициски службеници, при што нападнал и еден полициски службеник, а во моментот на лишување од слобода, физички нападнал и друг полициски службеник, соопшти СВР Струмица во денешниот билтен.
Мажот е задржан во Полициската станица Гевгелија, над истиот е извршено алкотестирање со дрегер и е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1.82 промили. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
