На 19.12.2025 година во 03:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица, на возраст од 44 и 40 години, двајцата жители на Скопје.

Според пријавата, едното лице физички нападнало полициски службеници додека вршеле службени дејствија, додека другото лице се однесувало агресивно кон полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.