ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 63-годишен жител на Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Според пријавата, на 13.11.2025 година во Прилеп, осомничениот попречувал полициски службеник при извршување на службени дејствија.