Соопштение на СДСМ:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ја презентираше новата фаза во борбата против корупцијата и криминалните шеми на власта на ВМРО-ДПМНЕ, преку две крупни иницијативи што ги најави претседателот на партијата, Венко Филипче.

Филипче објави дека СДСМ официјално ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, со цел директно да се запознае со, како што истакна, најголемата проневера на европски пари во Македонија поврзано со криминалот со ИПАРД фондовите во кој се загрозени 130 милиони евра.

Втората иницијатива што ја најави претседателот на СДСМ е формирањето на антикорупциски тим во рамките на програмата „Нова сила“.

„Ова е нов фронт, фронт заедно со граѓаните во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт“, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Како што оцени, превенцијата на корупцијата повеќе не функционира во државата, бидејќи наместо спречување, корупцијата ескалира.

„Секој што крадел ќе одговара. Мора да се истражи зошто тоа се случува. Крадењето мора да престане“, рече Филипче.

Филипче повтори дека СДСМ ќе продолжи со редовно објавување на корупциските скандали поврзани со власта и дека борбата против корупцијата во власта продолжува.

„Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази имаме документи, ќе ги прикажеме во јавноста“, истакна Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=HZjUTn1Hx2I