На 26.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 87 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 31 во населено место. Од нив 24 на подрачјето на Штип, 25 во Свети Николе, 14 во Пробиштип, 9 во Берово, 8 во Виница, 4 во Кочани и 3 во Делчево.

Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 6 за возач почетник, 3 за претовар, 4 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.