Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.

 

Во болнички услови починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).   

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.

Направените 680 теста се преку: ИЈЗ-153, ЦЈЗ Скопје-9, Авицена-0,  Биотек-159, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -166 , Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-13, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

 

Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.