Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.