Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

203 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

185 санкционирани возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Vesti +

Почнаа санкциите за Русија: Германија го стопира гасоводот Северен тек 2

В+

Следната година ќе пливаат во пари и ќе уживаат во радоста: 2020-та им беше катастрофа, но во 2021-та животот ќе им заблеска како никогаш досега

В+

Голема тепачка во село Бојане, реагираше полицијата

Vesti +

Приведен крадец од Куманово, украденото пронајдено

Vesti +

Наумоски во Ѓорче Петров: За четири години направивме она што ВМРО-ДПМНЕ не успеа за 12 години

В+