Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.