Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 16 возачи, од кои пет малолетници поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 18-годишен жител на Скопје, 18-годишен жител на с.Сливник, општина Чашка, 46-годишен жител на с.Томино село, Македонски Брод, 28-годишен жител на Кичево, 30-годишен жител на с.Церово, тетовско, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода и пет малолетници од Скопје и скопско.
Под дејство на алкохол возеле 50-годишен жител на Прилеп, 35-годишен жител на Охрид и 19-годишен жител на Пробиштип, 44-годишен жител на Тетово и 49-годишен жител на с.Сараќино, тетовско, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода. Со изречена активна забрана за управување на возило е 22-годишен жител на с.Ларце, тетовско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.