Градоначалникот на украинскиот град Суми, Дмитро Живицки, соопшти дека едно лице загинало, а 14 се водат како исчезнати по руското гранатирање на Охтирка во текот на ноќта.

Објавувајќи фотографии од штетите на социјалните мрежи, тој објави дека е зафатена градската цивилна инфраструктура, вклучувајќи ја и железничката станица, зградата на локалната самоуправа, стоковните куќи и продавниците, пренесува Гардијан.

Живицки рече дека градот Охтирка, кој се наоѓа на североистокот на земјата во областа Суми, е без струја, вода и дека канализацијата е оштетена.