Истражувачите од Универзитетот во Флорида и Универзитетот Нортвестерн дошле до заклучок дека жените сакаат да бидат ценети поради сексот, но само ако тоа ценење доаѓа од нивниот верен партнер.

Ова, грубо кажано, значи дека кога странец или некој на кој не се целосно посветени, гледа на жената како сексуален објект или ја оценува нејзината сексуалност, тоа доведува до зголемен стрес на изгледот и анксиозност кај понежниот пол. Но, кога партнерот со кој се долго време во врска и кому му веруваат (на пример, сопруг или долгогодишен дечко) ќе го изрази своето задоволство, жената се чувствува задоволна и среќна.

Сето ова води до заклучок: Жените не сакаат покани за секс и сексуални врски без обврска. Но, она што тие го сакаат е секс со партнери на кои им веруваат и тоа ги прави среќни.

Сепак, не е дека жените не можат да уживаат во секс без обврски. Во однос на еволуцијата, жените отсекогаш барале партнери со кои можат да создадат заедница и долгорочна врска, бидејќи тоа води кон создавање семејство и воспитување деца. Затоа и не е чудно што бараат потврда за својата сексуалност од партнерите на кои им веруваат, бидејќи токму со нив можат да ја постигнат својата цел и да се репродуцираат.

Во најновата студија користени се некои податоци од претходните истражувања. Во првата, учествуваа 113 неодамна венчани парови, а мажите ја оценија сексуалноста, телото и некои нефизички особини на нивните сопруги, како и нивниот целокупен брачен живот. Сопругите одговараа на прашања за тоа како го доживуваат партнерот и нивниот брачен живот. Експертите дошле до заклучок дека жените се помалку задоволни од бракот кога гледаат на нивните сопрузи како помалку посветени да ја оценуваат нивната сексуалност, додека жените на оние сопрузи кои ги ценеле сексуално и биле посветени да ги оценуваат биле посреќни.

Друга студија опфатила 108 парови кои одговарале на прашања за зачестеноста на сексуалните односи, перципираната посветеност од нивниот партнер и брачната среќа. Ова се засноваше на теоријата дека вреднувањето на сексуалноста води до почести врски и почестиот секс е пожелен во контекст на долготрајна врска, но неприфатлив во случајни врски.

На крајот се доаѓа до заклучок дека жените не сакаат директно да се гледаат како сексуален објект, но не сакаат и кога некој не ја цени нивната сексуалност. Се зависи од тоа кој ги набљудува и оценува.