-СДСМ води вистинска грижа за тутунарите, го почитува и вреднува нивниот труд и мака. Откупот на тутун на терен се одвива непречено, по зголемена цена. Зголемената откупна цена на тутунот од 365 денари по килограм ја следат откупувачите, кои до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите, кои се однесуваат на целокупната количина предаден тутун, соопшти СДСМ.

„Заедно со субвенцијата зголемена за 20 денари, на 100 денари по килограм, вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар.

Тутунарите се задоволни, имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона, но и други мерки за поддршка на тутунарите.

Креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по хектар.

Дополнително, тутунарите за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

Со СДСМ тутунарите добиваат повеќе.“ – се вели во соопштението.