Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата се осврна на резултатите од украинската контраофанзива во повеќе правци.

Како што рече Зеленски, украинската армија напредувала во правец на исток и југ.

– Офанзивата се одвива во правец на Бахмут. Купјанск, Лиман, Авдиевка и Маринка, таму држиме позиции. Благодарност до сите воини за тоа. Украинскиот херој одредува како ќе заврши оваа војна. Сите треба да ги паметат овие – рече Зеленски.

Зеленски во своето обраќање се осврна и на гранатирањето на Криво Рог.

– Едно лице загина, а 60 се повредени. Им благодарам на сите што помогнаа да се спасат луѓето – додаде тој.