Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руска бомба погодила центар за трансфузија на истокот од земјата.

– Има мртви и ранети во нападот на Купјанск во областа Харков на истокот на земјата. Ова воено злосторство доволно зборува за руската агресија. И животните уништуваат се што го отежнува животот – рече Зеленски.

Тој додаде дека украинските спасувачи работат на гаснење на пожарот. Руски ракети ги погодија и зградите на украинскиот производител на авионски мотори и хеликоптери Мотор Сич, а неколку часа претходно украинско беспилотно летало собори руски танкер во Црното Море.