Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново видео на својот Фејсбук профил.

-Никому не веруваме, никакви убави вербални конструкции. Ситуацијата на бојното поле е реална. И сега тоа е сè што е важно. Нема да дадеме ништо. И ќе се бориме за секој метар од нашата држава, за сите од нашиот народ – напиша Зеленски над видеото.