По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиот ден на животната средина Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка на ЈУНП Маврово организираше настан за јавна презентација на активностите за спроведување на ревизија/дополна на Студијата за ревалоризација и изработка на План за управување со НП Маврово, како основи за добро и одржливо менаџирање со ова заштитено подрачје.
На настанот воведни обраќања имаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на ЈУНП Маврово Самир Ајдини, а активностите ги презентираа претставниците на партнерските организациите Глобал Конзервејшн, Македонско еколошко друштво и МЖСПП.
„Ми претставува особена чест и задоволство да ја истакнам веќе воспоставената соработка со нашите партнери Глобал Конзервејшн Фонд, Македонското еколошко друштво и Јавната установа Национален парк Маврово во процесот за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк, како обврска која произлегува од Законот за заштита на природата. Оваа значајна соработка претставува можност да го продолжиме патот кон заштита, зачувување и унапредување на природните вредности со кои се карактеризира Националниот парк Маврово и надминување на предизвиците со кои се соочува управата на паркот во негово одржливо управување и заштита на природните вредности” изјави министерката Шукова.
Директорот на ЈУНП Маврово Самир Ајдини изрази задоволство од конечното отпочнување на процесот за репрогласување на Паркот, како едно од најголемите заштитени подрчја во државата, особено од причина што во изминатиот период многу често неправилно и неправедно се соочувале со обвинувања најверојатно заради непознавање на фактите или неправилно толкување на истите.

Историјата на НП Маврово датира од далечната 1949 година, кога за прв пат е прогласено за заштитено подрачје, но условите со текот на години се променети.
Со стапувањето на сила на Законот за заштита на природата во 2005 година се создадени законски услови, но и обврска за повторно прогласување на веќе заштитените подрачја во РСМ меѓу кои и НП Маврово.
Студијата за валоризација на заштитеното подрачје Маврово беше изработена во 2012г.,од Јавната устранова Национален парк Маврово која ја достави до Министерство за животна средина и просторно планирање со цел да се отпочне постапка за повторно прогласување на Маврово за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата Поради реакциите на невладиниот сектор за отворениот фајл во Бернска конвенција за планираните хидропроектите во НП Маврово, рекациите на домашни и меѓународни експерти, Светската унија за заштита на природата (ИУЦН), локалното население што живее во границите на паркот, постапката за донесување на Предлог-Законот за прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк беше прекината и Предлог-Законот не влезе во владина процедура. Фајлот за НП Маврово е сеуште отворен, така што Постојниот комитет на Бернската конвеција ја измени старата препорака RECOMMENDATION NO. 184 (2015) и донесе нови препораки Recommendation No. 211 (2021) во врска со мерките за зачувување нанационалните паркови во Северна Македонија, вклучително и на Националниот парк Маврово.
Во врска со потпишаниот меморанум за соработка за НП Маврово (04.04.2023) дополнителни научни истражувања ќе се спроведат оваа година од страна на Македонското еколошко друштво, што е основа за продлжување со постапката за ре-прогласување на националниот парк Маврово. Студијата за ревалоризација на НП Маврово ќе ја следи законската обврска на нејзината соджина со предлог-надворешни граници и предлог-зонирање со наративни описи на секоја од предлог зоните и ГИС податоци, врз основа на податоци за проценка на статусот на живеалиштата и видовите од национално и ЕУ значење, која ја рефлектира нивната тековна состојба и потреба во согласност со мониторингот што го спроведува Јавната установа НП Маврово. За изработка на оваа активност се обезбедни средства од буџетот на МЖСПП.
При ревизијата и дополнувањето на Студијата за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово, ќе биде земена предвид препораката бр.211 на Постојаниот комитет на Бернската конвеција од 3 декември 2021 година во врска со мерките за зачувување на националните паркови во Северна Македонија, вклучително и на Националниот парк Маврово.
Социо-економскиот карактер на НП Маврово е еден важен белег на ова подрачје со оглед на фактот што на територијата на паркот егзистираат 37 населени места. Активност за Социо-економска студија заедно со Планот за управување претставува основниот стратешки документ за работа на паркот ќе биде изготвен за период од десет години и финасиски поддржан од Глобал конзервејшн фондот.