„Пред нас се сериозни чекори и ако сакаме да го отвориме прозорот кон иднината, мораме да ја затвориме вратата на минатото, бидејќи ќе дува промаја на сегашноста и иднината. Должни сме поради децата да гледаме напред“ кажа премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.

„Верувам дека ќе постигнеме Договор со Бугарија, бидејќи јас постигнав многу договори. Сепак, никој никогаш не треба да преговара за тоа кој е и како се чувствува. Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик. Чувството не се потпишува со договор“ рече Заев.

Тој додаде дека по Преспанскиот договор и Грците зборуваат за Македонци кои зборуваат макеоднски јазик од Северна Македонија.

„Како што ние го негуваме идентитетот на другите нации, сакаме и нашиот идентитет да се негува. Затоа верувам дека ќе најдме решение“ рече Заев.

Премиерот додаде дека е тешко да се наоѓаат корени на Балканот и дека доколку има Бугари кои сакаат да посетуваат настави на бугарски јазик во Северна Македонија, тоа ќе им биде дозволено.