Експертската јавност нема дилема во стручноста и професионалноста при попишувањето на населението, како и во веродостојноста на резултатите од пописот.
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, во вечерашната емисија Топ Тема истакна дека со пописот се добила целосна слика з состојбата по однос на вкупниот број на население, миграционите движења, резидентно население.

– Имам учествувано во пет пописи во кои има болно прашање во однос на етничките прашања. Тоа се веродостојни податоци, кои се прибрани и проверени и за кои експертот од Словенија рече бил присутен тука во Заводот за да помогне. Имајќи ги предвид состојбите на етничката припадност, прв бев во изјавите дека секогаш предизвикува интерес. Пописот служи за креирање на политики во државата, рече Герасимовски во емисијата „Топ тема“.

Според политичкиот аналитичар Александар Каржаловски важно е дека со спроведувањето на пописот добиена е целата бројка на резидентното население.

– Се расчисти дилемата за бројката на албанско население и повеќе нема да има расправа за тоа, бидејќи и по вкупно попишани и резидентно Рамковниот договор останува на сила, ако тоа беше стравот кај некои учесници. Мала грешка беше објавата на двата податоци и за надвор од државата. Битна е бројката на резидентното население. Ќе се расчисти мистификацијата, рече политичкиот аналитичар Кржаловски.