Владата предводена од СДСМ го оствари ветувањето дека минималната плата во 2022 година ќе се покачи на 18.000 днеари. Минатата година, најавите беа дека Владата посветено работи на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. Новото покачување на платата на работниците е двојно зголемување на минималната плата од онаа во 2016 година. Кога СДСМ дојде на власт, минималната плата во државата беше 9.590, следуваа покачувања од над 12.000 денари, потоа покачување на минималната плата над 15.000 денари, со новото покачување мартовската плата која ќе се исплати во април минимум ќе е 18.000 денари.

За 80.000, работници во различни индустрии, оваа сума, означува раст на нето платата за околу 45 евра месечно. Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, Северна Македонија е предводник во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата.